Изјава за приватност и колачиња

Добре дојдовте на каналот Pickbox TV!

Општите услови за користење ги пропишуваат условите и правилата за користење на интернет-страницата pickbox.tv од страна на крајните корисници.

Каналот Pickbox TV е линеарен телевизиски неземски канал достапен во понудата на телеком во Хрватска и регионот (понатаму во текстот „канал“).

Правото на користење на интернет-страницата е лично право на крајниот корисник.

Корисникот своето право на користење не смее да го пренесува на други физички или правни лица. Корисникот не е овластен да пријавува други физички или правни лица.

Прифаќање на Условите за користење

Со користење на интернет-страницата pickbox.tv крајните корисници се согласуваат со Условите за користење.

Со прифаќањето на Условите за користење крајните корисници потврдуваат дека ги прочитале и ги разбрале Општите услови, правилата за Заштита на приватноста (подолу во текстот), Поставките за колачиња (текстот подолу) со коишто се уредува употребата на веб-страницата.

АКО НЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО ОВДЕ НАВЕДЕНИТЕ УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ, ВЕ МОЛИМЕ ДА НЕ ГИ КОРИСТИТЕ ОВИЕ ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦИ.

Промена на Условите за користење

PICKBOX d.o.o. за услуги го задржува правото во кој било момент, и без претходно известување, ако тоа го смета за потребно, да го укине или измени кој било од овде наведените Услови за користење или Изјава за доверливост на податоците. Продолжувањето на користењето на интернет-страницата по објавувањето на изменетите Услови за користење или Изјавата за доверливост на интернет подразбира дека корисникот ги прифаќа измените.

Приватност

Личните податоци подлежат на нашата Заштита на приватноста, чии услови се содржани подолу во текстот. Молиме крајниот корисник да ја провери нашата Заштита на приватноста за да ја разбере нашата пракса и додатните детали за нашата маркетиншка комуникација.

Одрекување од гаранцијата и ограничување на одговорноста

Крајниот корисник се согласува интернет-страницата да ја користи ИСКЛУЧИВО НА СОПСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ, така што компанијата PICKBOX d.o.o. за услуги не одговара:

(А) ЗА ПОСЛЕДИЦИТЕ КОИ МОЖАТ ДА НАСТАНАТ СО КОРИСТЕЊЕ НА ОВАА ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦА

(Б) ЗА ТОЧНОСТА, ВЕРОДОСТОЈНОСТА ИЛИ СОДРЖИНАТА НА КОЈА БИЛО ИНФОРМАЦИЈА, УСЛУГА ИЛИ СТОКА ДАДЕНА ПРЕКУ ОВАА ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦА.

Интелектуална сопственост

Оваа интернет-страница е приватна сопственост. Целата меѓусебна комуникација и интеракција којашто се одвива преку оваа интернет-страница мора да биде во согласност со овие Услови за користење.

Сите материјали кои се наоѓаат на интернет-страницата pickbox.tv се ексклузивно право на компанијата PICKBOX d.o.o. за услуги или се користат со изречно одобрение на носителот на авторските права, како и на носителот на правата на заштитни знаци и/или на дизајнот.

КАКВО БИЛО КОПИРАЊЕ, ДИСТРИБУЦИЈА, ПРЕНОС, ОБЈАВУВАЊЕ, ПОВРЗУВАЊЕ, ДЛАБИНСКО ПОВРЗУВАЊЕ ИЛИ МЕНУВАЊЕ НА ДРУГ НАЧИН НА ОВАА ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦА БЕЗ ИЗРЕЧНО ПИСМЕНО ОДОБРЕНИЕ НА КОМПАНИЈАТА PICKBOX d.o.o. за услуги Е СТРОГО ЗАБРАНЕТО!

Прекршувањето на Условите за користење може да доведе до поведување парнични постапки и/или до кривичен прогон против сторителот поради прекршување на авторските права, правата на заштитни знаци или правата од кој било вид на интелектуална сопственост.

Интернет-страницата содржи материјали заштитени со авторско право, заштитен знак, дизајн, како и со други информации кои се покриени со други права на физички или правни лица, вклучувајќи, но без ограничување на, текстови, софтвер, фотографии, видеоматеријали, графика, музика, звук, како и целата содржина на интернет-страницата pickbox.tv, a во согласност со прописите на Република Хрватска. Крајниот корисник не смее да ги менува, објавува, пренесува, учествува во преносот или продажбата, создава изведени дела или на кој било начин да искористува која било содржина, во целост или делумно. Крајниот корисник може да ги преземе, отпечати и зачува материјалите заштитени со авторски права само за сопствена употреба. Не е дозволено копирање, редистрибуција, повторен пренос, издавање или комерцијално искористување на преземениот материјал без изречна писмена согласност од компанијата PICKBOX d.o.o. за услуги и носителот на авторското право.

Надлежност на судот

Седиштето на компанијата PICKBOX d.o.o. за услуги е во Загреб, Република Хрватска. За правните спорови кои можат да настанат како последица на користењето на оваа интернет-страница (освен ако не е поинаку наведено со посебен договор), надлежен е судот во Загреб и таквите спорови се решаваат согласно позитивните прописи на Република Хрватска. Со користењето на оваа интернет-страница, крајниот корисник се согласува на тоа дека за кој било спор или барање произлезени од овие Услови, или кој е во врска со овие Услови, или во врска со нивното спроведување, надлежен е судот во Загреб, а со тоа и хрватското право.

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ – ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА PICKBOX

PICKBOX d.o.o. компанија со ограничена одговорност, Radnička cesta 52, Загреб, (понатаму: PICKBOX) се обврзува да ги заштити вашите лични податоци во согласност со Општата регулатива за заштита на податоците на ЕУ (GDPR).

PICKBOX d.o.o. ја препознава важноста на заштитата на приватноста, безбедноста и заштитата на податоците за корисниците на нашите услуги и на сите лица кои доаѓаат во контакт со нас, и затоа нашата цел е да понудиме заштита за сите наши операции, како и да спроведеме доследни правилници и процедури.

Оваа изјава за заштита на приватноста ве информира за нашите практики за заштита и можностите за избор на начини, прибирање и користење на вашите податоци. Оваа изјава за заштита на приватноста се однесува на сите веб-страници на PICKBOX, домените, услугите, апликациите и производите, како и на сите наши вработени.

Ве молиме повремено да ја проверувате Политиката за приватност – Политиката за заштита на личните податоци на PICKBOX (во натамошниот текст Политика за приватност), со оглед на можните промени кои ќе бидат прикажани на страницата.

Оваа Политика за приватност ја дефинира политиката на PICKBOX во однос на собирање, користење, откривање и пренос на вашите лични податоци. Со користење, посетување, или прегледување на PICKBOX, вие ги прифаќате и се согласувате со нашите практики кон личните податоци опишани во продолжение.

Цел за собирање на лични податоци

Личните податоци ги собираме пред сè поради обезбедување на давањето на бараната услуга и што поефикасен одговор на вашето барање.

Време на траење на Политиката за приватност

Во моментот на доставување на вашите податоци, вие се согласувате на контакт со нас и на тој начин ни давате право да ги обработуваме вашите лични податоци во согласност со наведената цел. Заштитата на приватноста на вашите податоци е трајна.

Собирање на личните податоци

Податоците кои ги собираме преку платформите како што се Google Analytics, Google AdWords, Facebook или Midas се анонимни, што значи дека не ги споредуваме личните податоци со другите параметри (на пр. вашето име и презиме со останатите податоци кои се однесуваат на користењето на нашите услуги). Со други зборови, колачињата (cookies) преку кои ги собираме таквите податоци не содржат податоци по кои можат да ги идентификуваат корисниците. Во случај поставките на вашите конфигурации да се поставени на начин на кој одбивате собирање на некои податоци – податоците нема да бидат собрани и складирани (на пр. блокирање на колачиња). Во случај да сте ја одбрале оваа опција, не гарантираме оптимално корисничко искуство.

Го задржуваме правото да ја следиме вашата интеракција со нас и да собираме податоци кои се однесуваат на вас и на вашето користење на нашата услуга, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на, вашата онлајн активност, кореспонденција, уреди и податоци за софтверот (на пр. оперативен систем или интернет пребарувач).

Податоците што ги собираме се:

Име и презиме, електронска адреса и/или телефонски број – податоците можеме да ги користиме само во случај ако ги наведете сами (на пр. преку образецот за контакт или мејл)

Колачиња /cookies/pixels – автоматски ги собираме општите податоци како што се времето поминато на страниците, локацијата на корисникот, видот на уредот. Колачињата и пикселите (pixels) ги собираме преку Google Analytics, Google AdWords, WonderPush и/или платформата Facebook.

Податоците кои ги собираме ги користиме за:

Интерно генерирање извештаи – корисничкото искуство ни е важно и од таа причина постојано сакаме да ги унапредуваме нашите услуги

За прилагодување на содржината – барање информации за локација или поставките на конфигурацијата за да го прилагодиме јазикот на интерфејсот и/или достапната содржина

Маркетиншки активности – собраните податоци ги користиме со цел за рекламирање преку платформите/каналите за рекламирање како што се билтени (newsletter), Google AdWords, Google AdWords ремаркетинг, Facebook и Facebook ремаркетинг.

Во случај ако сакате вашите податоци да бидат исклучени од рекламната мрежа на Google или на Facebook, ве молиме да ги посетите сопствените кориснички профили на наведените платформи и да ги промените вашите поставки кои се однесуваат на рекламирање, рекламни активности и споделување на сопствени податоци. Ако не сакате повеќе да примате известувања во вашиот интернет пребарувач преку платформата WonderPush, во поставките на пребарувачот оневозможете ги известувањата за оваа страница.

Во случај да имате некакви прашања или сакате вашите податоци да бидат исклучени од нашата база на податоци (во случај кога тоа е можно) ве молиме да нѐ контактирате преку мејлот: info@pickbox.tv

Содржина на Политиката за приватност

Вашите лични податоци ги собираме и обработуваме во согласност со одредбите на Општата регулатива за заштита на податоци, EC 2019/679. Собраните податоци ќе ги чуваме на соодветен начин и ќе ја обезбедиме нивната доверливост. Собраните податоци нема да ги проследуваме на трети лица без ваша изречна дозвола.

Ги собираме само оние лични податоци кои ни се доставени доброволно. Не бараме од вас да ни ги испратите овие податоци за да ви овозможиме пристап до нашите страници и не бараме да откриете повеќе податоци отколку што навистина е потребно за да учествувате во некоја активност на нашите страници.

Pickbox нема да ви испраќа несакана пошта. Pickbox не одговара за случајна грешка или грешка поради виша сила или други објективни околности со кои се предизвикува случајна повреда на гарантираната заштита на вашите податоци, но гарантира дека грешката ќе биде отстранета, доколку е можно, што е можно поскоро.

Не ги продаваме, не ги пренесуваме и не ги откриваме личните податоци што ги собираме никому надвор од PICKBOX без ваша дозвола, (освен податоците кои им се неопходни на деловните партнери за извршување/овозможување на услугата). Од ова се изземаат случаите во кои продавачот по валиден налог од овластените државни органи, во согласност со законот, е должен да поднесе или достави или да дозволи увид во личните податоци на купувачот.

Продавачот ги собира личните податоци на купувачот само во онаа мерка во која се неопходни за исполнување на неговата обврска, за информирање за нови и акциски производи, како и за достава на промотивни материјали, унапредување  на односите со купувачите, како и за проверка на другите податоци потребни за онлајн купување.

Купувачот има право да бара дополнување, исправка или измена на неточните лични податоци. Продавачот редовно му дава на купувачот можност за избор во однос на употребата на неговите податоци, вклучувајќи ја и можноста за одлука дали сака или не да се отстрани неговото име од списоците кои се користат за маркетиншки цели.

Тајност на податоците

Сакаме јасно да истакнеме дека при посетите на овие страници вашите лични податоци остануваат тајни, освен ако не сакате доброволно да им ги откриете на други страни.

Податоци покриени со системот на Политиката за приватност:

Име и презиме, датум на раѓање, адреса на живеење, електронска пошта, број на телефон и/или на факс, личен идентификациски број (ЛИБ), други податоци што ќе ги размените со нас, а сакате да останат тајни.

Безбедност на податоците

Заради безбедноста на податоци на нашите сервери на глобалната мрежа, а и за да обезбедиме достапност на услугите за сите корисници, овој систем користи софтвер кој ги следи посетите на мрежата и ги препознава неовластените обиди за пренос или промена на податоците, како и оние кои можат да предизвикаат штета на некој друг начин.

Неовластени обиди за пренос или промена на податоците на оваа локација се строго забранети.

Контрола

Секое лице има право на увид во својата збирка на лични податоци, да бара пристап до своите лични податоци и да ги менува, право на исправка, заборав, ограничување на обработка, приговор и пренос на податоци, како и во секое време смее да го откаже одобрението за употреба на личните податоци, да бара промена на податоците или бришење од базата на податоци.

Тоа можете да го направите така што ќе испратите барање до нашиот службеник за заштита на податоци, во писмена форма или лично, со доаѓање на нашата адреса.

Употреба на колачиња (Сookies)

За да го олесниме прегледувањето на нашите интернет-страници, нашите сервери на глобалната мрежа можат да користат колачиња. Се работи за многу мали текстуални датотеки кои серверот ги поставува на компјутерот на корисникот со цел за следење на изборот на одделни јазични варијанти на нашите страници, како и кога се влегува во делови од страниците кои бараат внес на корисничко име и лозинка. Колачињата не можат да се користат за започнување на програма или поставување на вируси на вашиот компјутер. Прегледување на нашите страници е можно и без употреба на колачиња, ако вашиот интернет-пребарувач е така поставен, но во тој случај некои од функционалностите нема да бидат целосно достапни.

Порака преку електронска пошта

Кога ни испраќате електронска пошта (е-пошта) со лични податоци според кои можеме да ве идентификуваме, или преку е-пошта со прашање или коментар, или преку образецот кој ни го доставувате преку електронска пошта, ние овие податоци ги користиме со цел за исполнување на вашите барања.

Линкови

Правиме сѐ што е во наша моќ за да осигуриме дека сите пренасочувања од нашите интернет-страници упатуваат на интернет-страници кои не содржат илегална и/или штетна содржина. Меѓутоа, страниците и адресите на мрежата брзо се менуваат и не можеме секогаш да ја гарантираме содржината на секоја адреса на којашто ќе ве насочиме. Ако имате какви било прашања или недоумици во врска со нашата Политика за приватност, или во врска со вашите искуства со оваа интернет-адреса, ве молиме да ни се јавите.

Контактирајте нè

Доколку имате какви прашања поврзани со приватноста, ве молиме да го контактирате службеникот за заштита на податоци во PICKBOX:

Име и презиме на претставникот: Маријана Гредељ (Marijana Gredelj)

Е-пошта: info@pickbox.tv

Адреса: Radnička cesta 52, 10 000 Загреб