Напнати криминалистички серии и трогателни приказни на едно место

Каналот Pickbox TV настана во 2018 година и е еден од најпопуларните телевизиски канали. Со текот на годините тој стана ултимативната телевизиска дестинација за сите кои во морето од содржини бараат квалитетна продукција и баланс на жанровите. Во содржините уживаат гледачите дури од седум земји: Хрватска, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Бугарија. За посветените обожаватели на криминалистичките серии, како и за тие што само сакаат да гледаат симпатични и лесни љубовни приказни – Pickbox TV е еден канал за сечие расположение и желби.

Какви серии ве очекуваат?

Баш секој месец носиме премиери на новите серии кои ги измамија најдобрите рецензии од телевизиските критичари, но и од публиката. Ве очекуваат насловите од британската продукција што добија пофалби, како што се „Долина на среќата“, „Секс, дрога и односи со јавност“, „Ноќни повици“ и врвните скандинавски ноар серии.

ПОАРО

Серии за сите времиња

ГОРДОСТ И ПРЕДРАСУДА

Британски хитови

ФРОСТОВИОТ ПРИСТАП

Култни ликови

ДВЕ СЕСТРИ

Obiteljske drame

Сигурно барем еднаш во животот сте изгледале епизода од легендарниот Поаро – на каналот Pickbox TV неретко ве очекуваат култните хитови кои обележаа бројни генерации. Сериите како што се „Поаро“ и „Инспектор Фрост“ се само примери од класиците кои често им ги прикажуваме на гледачите – затоа што добрите работи треба да се повторат.

Викенд во знакот на филмските маратони

Затоа што викендите се за лежење на кауч и максимално уживање, а на каналот Pickbox TV тие секогаш се во знакот на филмовите. Во текот на денот уживајте во лесните криминалистички серии и романтични комедии, а во вечерните термини следете ги филмските класици, акционите хитови и трилери, како и драмите за кои своевремено се зборуваше на сите страни.

Приказни за посебните мигови во годината

Знаеме дека треба да се живее во моментот, нели?

Баш затоа Pickbox TV секогаш ја следи сезоната во која го правиме тоа и создава посебно чувство. По повод Денот на вљубените ви носиме богат репертоар на љубовни филмови, а во март фокусот го ставаме на силните женски ликови по повод Денот на жените, додека во декември почнува божиќното лудило. Баш тоа е времето кога најголемиот број на гледачите врти на Pickbox TV за да уживаат во топлите приказни што се идеални за сезоната на дарување и за семејните собири.

И баш затоа, во текот на целата година и без оглед на расположението во кое се наоѓате, каналот Pickbox TV секогаш ги следи вашите желби.