Напнати криминалистички серии и трогателни приказни на едно место

Каналот Pickbox 1 настана во 2018 година и е еден од најпопуларните телевизиски канали. Со текот на годините тој стана ултимативната телевизиска дестинација за сите кои во морето од содржини бараат квалитетна продукција и баланс на жанровите. Во содржините уживаат гледачите дури од седум земји: Хрватска, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Бугарија. За посветените обожаватели на криминалистичките серии, како и за тие што само сакаат да гледаат симпатични и лесни љубовни приказни – Pickbox 1 е еден канал за сечие расположение и желби.

Наскоро пристигнува

Наскоро ве очекуваат премиери на две напнати серии: „Gray“ („Корнелија Греј“) и „Outlier“ („Лесна мета“)!
„Gray“ („Корнелија Греј“) е нова трилер серија за шпионите, тајните и опасните игри во коишто вистината се наоѓа длабоко под површината, а цената за нејзиното откривање се подготвени да ја платат само најхрабрите.

Скандинавската серија „Outlier“ („Лесна мета“) носи истрага за убиство каде што се отвора сомнеж дека полицијата обвинила погрешна личност. Покрај премиерите, гледачите ги очекуваат и новите сезони на сериите „Cardinal“ („Кардинал“) и „Servant“ („Слугинка“).

Какви серии ве очекуваат?

На каналот Pickbox 1 ве очекуваат премиери на сериите од познатите продукциски куќи, меѓу кои се наслови од продукцијата на „Paramount“, како и сериите на Apple TV. Остануваме верни на тоа што нашите гледачи го сакаат: квалитетни британски и скандинавски серии, напнати заплети и силни ликови кои ве освојуваат од епизода во епизода!

КОРНЕЛИЈА ГРЕЈ

Премиери

НА ЛЕТОТ

Британски хит-серии

СЛУГИНКА

Ексклузивни содржини

ВЕСТИ

Меѓународна продукција

Приказни за посебните мигови во годината

Знаеме дека треба да се живее во моментот, нели?

Баш затоа Pickbox 1 секогаш ја следи сезоната во која го правиме тоа и создава посебно чувство.

По повод Денот на вљубените ви носиме богат репертоар на љубовни филмови, а во март фокусот го ставаме на силните женски ликови по повод Денот на жените, додека во декември почнува божиќното лудило. Баш тоа е времето кога најголемиот број на гледачите врти на Pickbox 1 за да уживаат во топлите приказни што се идеални за сезоната на дарување и за семејните собири. И баш затоа, во текот на целата година и без оглед на расположението во кое се наоѓате, каналот Pickbox 1 секогаш ги следи вашите желби.

Викенд во знакот на филмските маратони

Затоа што викендите се за лежење на кауч и максимално уживање, а на каналот Pickbox 1 тие секогаш се во знакот на филмовите. Во текот на денот уживајте во лесните криминалистички серии и романтични комедии, а во вечерните термини следете ги филмските класици, акционите хитови и трилери, како и драмите за кои своевремено се зборуваше на сите страни.

Први откријте ги новите серии

Пријавете се на нашиот билтен и фатете ја буквално секоја нова серија. Внесете ја е-поштата на која сакате да добивате вести поврзани со каналот Pickbox 1 и уживајте во редовните препораки и идеи за тоа што да гледате!

"*" indicates required fields