Вид

Новата серија на Apple TV „Вид“ пристигна. Еден смротоносен вирус предизвикал човештвото да ја изгуби способноста за гледање. Откако луѓето се приспособиле на слепилото, се раѓаат едни близнаци што можат да гледаат.

Целата вистина

Во втората сезона на серијата на Apple TV, „Целата вистина“, Попи присуствува на уметничката изложба на нејзината пријателка Мица која завршува со трагедија. Мица потоа бара Попи преку својот поткаст да го истражи убиството, не верувајќи ѝ на полицијата.

Црн снег

Во втората сезона која почнува со откривањето на еден стар случај од 2003 година, Зои Џејкобс исчезнала во текот на прославата на својот 21 роденден. Си ги спакувала работите во еден син ранец и заминала. Кога една полицајка од Морвал Самар го наоѓа ранецот, таа е убедена дека Зои сѐ уште е жива.

Напнати криминалистички серии и трогателни приказни на едно место

Каналот Pickbox 1 настана во 2018 година и е еден од најпопуларните телевизиски канали. Со текот на годините тој стана ултимативната телевизиска дестинација за сите кои во морето од содржини бараат квалитетна продукција и баланс на жанровите. Во содржините уживаат гледачите дури од седум земји: Хрватска, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Бугарија. За посветените обожаватели на криминалистичките серии, како и за тие што само сакаат да гледаат симпатични и лесни љубовни приказни – Pickbox 1 е еден канал за сечие расположение и желби.

Какви серии ве очекуваат?

Сигурно барем еднаш во животот сте изгледале епизода од легендарниот Поаро – на каналот Pickbox 1 неретко ве очекуваат култните хитови кои обележаа бројни генерации. Сериите како што се „Поаро“ и „Инспектор Фрост“ се само примери од класиците кои често им ги прикажуваме на гледачите – затоа што добрите работи треба да се повторат.

ПОАРО

Серии за сите времиња

ГОРДОСТ И ПРЕДРАСУДА

Британски хитови

ФРОСТОВИОТ ПРИСТАП

Култни ликови

ДВЕ СЕСТРИ

Obiteljske drame

Приказни за посебните мигови во годината

Знаеме дека треба да се живее во моментот, нели?

Баш затоа Pickbox 1 секогаш ја следи сезоната во која го правиме тоа и создава посебно чувство.

По повод Денот на вљубените ви носиме богат репертоар на љубовни филмови, а во март фокусот го ставаме на силните женски ликови по повод Денот на жените, додека во декември почнува божиќното лудило. Баш тоа е времето кога најголемиот број на гледачите врти на Pickbox 1 за да уживаат во топлите приказни што се идеални за сезоната на дарување и за семејните собири. И баш затоа, во текот на целата година и без оглед на расположението во кое се наоѓате, каналот Pickbox 1 секогаш ги следи вашите желби.

Викенд во знакот на филмските маратони

Затоа што викендите се за лежење на кауч и максимално уживање, а на каналот Pickbox 1 тие секогаш се во знакот на филмовите. Во текот на денот уживајте во лесните криминалистички серии и романтични комедии, а во вечерните термини следете ги филмските класици, акционите хитови и трилери, како и драмите за кои своевремено се зборуваше на сите страни.