Иако ни се на прво место секој ден, а март на Pickbox TV ќе им биде посебно посветен на жените – ќе ја прославуваме женската сила, сите прекрасни различности и сите нијанси на посебноста, а ќе скршиме и по некој стереотип.

Во текот на март гледаме силни женски ликови во главните улоги

Malpractice

Лекарска грешка

ПОН-ПЕТ 21:00

Напнат трилер фален за сценариото и актуелната тема. Покрената е истрага против искусната докторка Лусинда Едвардс која губи пациентка која се предозирала.

Recoil

Во подземјето на Осло

ПОН-ЧЕТ 21:50

Потпишана од Арне Бергрен И Маргрет Бергхајм, ветерани на скандинавските крими серии, се работи за норвешка криминална драма за подземјето на Осло, заснована на вистински настани.

Ride-Like-a-Girl

Јавај како девојка

НЕД 20:15

Приказна за Мишел Пејн, првата жена џокеј која победи на најголемиот спортски настан во Австралија, купот Мелбурн.

Инспирирајте се од силните женски ликови

„Тешкотиите постојат за да ги совладуваме“

Фелисити Лемон, „Поаро“

„Само станувам личноста која отсекогаш сум сакала да бидам“

Кетрин Кетвуд, „Хепи Вели“

„Не сакам да слушам колку добро напредувам, сакам да слушнам колку сум сјајна“

Џулиет, „Нешвил“