vruće-ljeto-MK

Што најдобро разладува во текот на долгите летни денови и ноќи?

Ладни злосторства, секако! Замрачена соба, освежителна пијачка и Pickbox TV е сѐ што е потребно за долго топло лето во миговите кога ви е потребна оддишка од надворешниот свет.

Неочекувани заплети, уште понеочекувани расплети, брилијантни детективи и застрашувачки злосторства ќе ви ја замрзнат крвта во вените, баш како што сакаат љубителите на добрите криминалистички серии.

Уживајте во нашите препораки за возбудливи криминалистички серии и филмови!

НЕЗАОБИКОЛНИ СЕРИИ И ФИЛМОВИ

Овој јули задолжително гледајте...

ОД 22.7.

Очајнички мерки

Синот на Роуан, Фин, се сплеткува со опасен гангстер и таа се наоѓа во невозможна ситуација при што мора да го исплати неговиот долг или животот на Фин е во опасност. Роуан сфаќа дека единствена надеж е да дојде до парите ограбувајќи ја банката во која работи.

ОД 22.7.

Хотел на плажа

Хотелот се подготвува за ново отворање, но не се сите среќни од промените. Џули не може да се ослободи од минатото, додека Себастијан планира нанапред.

ОД 22.7.

Триаголник на смртта

Откако новинарката Лиза Волас објавува статија за убиството на нејзината мајка, убиецот повторно се појавува и најавува ново киднапирање. Лиза и детективот Дејвид Баркли започнуваат истрага, поврзувајќи го убиецот со исчезнувањето на Ејми Рејнолдс.

СЕКОЈА НЕДЕЛА ИСТАКНУВАМЕ ЧЕТИРИ НОВИ ВОЗБУДЛИВИ НАСЛОВИ

Endeavour
ПОН-ЧЕТ 16:55

Младиот инспектор Морз

Младата Џејни исчезнува без трага, а следното утро е најдено нејзиното тело. Ендевор е суспендиран и бесен.

The-Twelve
ПОН-CPE 21:00

Инспектор Ребус (2024)

Одмаздољубивиот Каферти ги лови Мајкл и неговиот тим, додека Ребус се обидува да изгради случај против Дерил Кристи со помош на Енди.

The-Julius-House-An-Auroraa
САБОТА 13:50

Куќата на Џулиус: Мистериите на Аурора Тигарден

Аурора конечно купува куќа од своите соништа, но открива дека семејството што претходно живеело во неа исчезнало без трага.

Dead-Over-Heels-An-Aurora
НЕДЕЛА 13:45

Убиство на полицискиот шеф: Мистериите на Аурора Тигарден

Мртво тело на еден полицаец е најдено пред вратата на Аурора, а таа е осомничена. Аурора одлучува да открие кој е вистинскиот убиец.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ЦЕЛИОТ РАСПОРЕД